Мерцедес-Бенц Е-класаМерцедес-Бенц Е-Класа (германски: Mercedes-Benz E-Klasse) е поттип на автомобили произведени од германскиот автомобилски производител Мерцедес-Бенц во различни конфигурации на моторот и надворешноста. Произведени од 1953 година, Е Класата спаѓа во средна класа од линијата Мерцедес и е продадена низ целиот свет низ пет генерации. Пред 1993 година, Е во номенклатурата на Мерцедес-Бенз била наставка по бројот на моделот на возилото со вбризгување. Сите генерации на Е-класата нудат или погон на задните тркала или 4Matic систем на погон на четири тркала. Историски гледано, E-класа е најпродаван модел на Мерцедес-Бенц, со повеќе од 13 милиони продадени автомобили до 2015 година. Првата серија E-класа првично била достапна како седан со четири врати, караван со пет врати, купе со две врати и кабриолет. Од 1997 до 2009 година, еквивалентниот купе и кабриолет биле продавани под името Mercedes-Benz CLK-Class; кој всушност беше заснован на механичките основи на помалата C-Class, а истовремено позајмувајќи стил и некои мотори од е-класа. Претходници
Е-класаПрва генерација (W124; 1993-1995)![]() Името „Е-класа“ првпат се појавила со W124 во 1993 година за моделот од 1994 година. Дизел верзиите продолжиле да биде опција за потрошувачка на гориво, а бензинските V8 мотори (достапни по 1992 година) дополнително биле зајакнати. Четири-цилиндрични бензински модели не биле продавани во САД. Втора генерација (W210; 1996-2002)![]() Е-класата W210, произведена во 1995 година била дел од полуксузната понуда. Во септември 1999 година. Имало визуелни, механички и подобрувања во квалитетот во однос на претходните верзии. Трета генерација (W211; 2003-2009)![]() Започнала да се произведува во 2002 година, Е-класата W211 била уште една еволуција на претходниот модел. Четвртата генерација (2009-2016)![]() Купе и кабриолет (C207 / A207)![]() Купето (C207) за првпат било прикажано на салонот за автомобили во Женева во 2009 година, додека кабриолетот (A207) бил откриен на Северноамериканското интернационално шоу за автомобили во 2010 година.[1][2] Двата модели ги замениле претходните модели на C209 / A209 CLK-Class . Е-класата C207 / A207 се заснова на W204 C-Class платформата.[3] Петтата генерација (W213, 2016-претставен)![]() Петтата генерација Е-класа беше претставена на 2016 година на Северноамериканското интернационално шоу.[4] Следната генерација на Е-класа има дизајнерски знаци од поголемите W222 S-класа и помалата W-Class C-Class .[5] Производство и продажба
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia