Мерцедес-Бенц 770Мерцедес-Бенц 770 (Mercedes-Benz 770), наречен Großer Mercedes (Голем Мерцедес) бил луксузен автомобил од марката Мерцедес-Бенц од 1930 до 1943. Најпознат е како автомобилот на високите нацистички државници пред и за време на Втората светска војна, меѓу кои и Адолф Хитлер и Херман Геринг. Серија I - W07 (1930-1938)![]() Моделот 770 се појавил со интерен код W07 во 1930.[1] Овие автомобили главно биле владини и државни возила[2]. Верзијата W07 на моделот 770 имала осумцилиндричен праволиниски мотор со работна зафатнина од 7655 cm³ со алуминиумски клипови.[1][2][3] Овој мотор давал сила од 150 КС при 2800 врт./мин без компресија.[1][3] Се нудел и изборен Рутсов компресор, кој се активирал при полно забрзување, и давал моќ од 200 КС при 2800 врт/мин, при што автомобилот развивал 160 км/ч.[1][2] Преносот четири брзини, од кои третата била директна, а четвртата била надбрзина (овердрајв).[3] Серијата W07 имала современа шасија со полуелиптична амортизација на принцип на лиснати пружини врз едноделни осовини напред и назад.[2] Димензиите се разликувале според каросеријата, но шасијата имала меѓуоскино растојание од 3750 mm и растојание меѓу тркала од 1500 mm.[1] Биле произведени 117 автомобили од серијата W07 .[2] Серија II - W150 (1938-1943)![]() Моделот 770 бил значајно променет во 1938, и со тоа интерната ознака се променила во W150.[4] Сосема новата шасија била изработена со цевки со елиптичен профил и сета амортизација била со спирални пружини, со независна амортизација напред и де Дионова оска назад.[2] Моторот во основа бил мошне сличен на оној кај серијата W07, но сега била дотеран до 155 КС при 3000 врт/мин без компресија и 230 КС при 3200 врт/мин со компресија.[4] Преносот имал пет брзини со директна четврта и петта надбрзина.[2][4] Биле произведени вкупно 88 автомобили од серијата W15. Производството прекинало во 1943.[2][4] Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia