Метар во секунда на квадратМетар во секунда на квадрат (м/с2) е единица за забрзување од системот SI, изведена од основните единици за должина, метар и време, секунда. Формално симболот се претставува во неколку облици: м/с2, m·s−2 или m s−2. Самото забрзување физички се толкува како промена во брзината по единица време, т.е. „метри во секунда во секунда“. ПримерЕден предмет постојано забрзува со еден метар во секунда на квадрат (1 м/с2) од мирување, кога ќе достигне брзина од 5 м/с по 5 секунди и 10 м/с по 10 секунди. Сродни единициВториот Њутнов закон вели дека силата е еднаква на масата помножена со забрзувањето. Единица за сила е њутнот (N), а единица за маса е килограмот (kg). Еден њутн е еднаков на килограм-метар во секунда на квадрат. Затоа, единицата метар во секунда на квадрат е исоветна со њутнот по килограм (N·kg−1, N/kg)[1] Земјината тежа има забрзување од 9,8 m/s2 или 9,8 N/kg. Забрзувањето може да се изрази и во однос на гравитацијата, како кај Земјиното забрзување (слободен пад) и најголемото површинско забрзување кај земјотресите. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia