Методиј Кусев
Методиј Кусев или Кусевич бил духовник на Егзархијата, општественик, борец за црковна независност и политичка слобода, Старозагорски митрополит од 1896 до 1922 година. ЖивотописРани годиниМитрополит Методиј е роден во 1838 г. во Прилеп како Тодор Јовчев Кусев. Завршува основно образование во Алилодидактичкото грчко училиште, а потоа грчката прогимназија во својот роден град. Кусев е еден од првите кој бара да се возобнови Светиклиментовата Охридска архиепископија како македонска народна црква. Уште како еден од најагилните и најталентираните членови на прилепската младина и секретар на Прилепската црковно-училишна општина, Тоде Кусев, идниот митрополит Методиј Кусевич, по повод излегувањето на бугарскиот весник „Македонија“ во јануари 1867 година во Цариград, се појавил со свој допис во весникот:[се бара извор]
Во истото писмо нагласува дека:
На Првиот црковно-народен собор на Бугарската егзархија во Цариград во 1871 г., како претставник на Битолската (Пелагониската) епархија, Тодор Кусев одигрува клучна ролја за обединувањето на сите претставени бугарски епархии. Во 1873 г. Тодор Кусев е потстриган во монаштво под името Методиј и е назначен за протосингел на Пловдивската митрополија (до 1880 година). За усрдното служение е воведен во архимандритски чин. За време на Априлското востание, во услови на исклучителен ризик архимандрит Методиј им претставува на претставниците на Големите сили во Цариград докази за ѕверските насилства врз бугарското христијанско население. Значајна е и помошта, која Методиј ја дава на руската главна команда во Руско-турската војна. Методиј Кусев учествува и во движението против Берлинскиот конгрес од 1878 година, кој ја оставил неговата родна Македонија под османска власт. Од 1879 до 1886 година е протосингел на егзарх Јосиф I. Во 1886 година заминува да се школува во Русија, каде ја завршува Киевската духовна богословија, а потоа се школува во познатата Петербуршка духовна академија. Во ова време, според Александар Трајановски: Александар Трајановски: „Архимандритот Кусевич, прво во Солун, а потоа и во Цариград агитирал меѓу Македонците за решавање на македонското црковно прашање преку возобновување на Охридската архиепископија на унијатска основа, затоа што бил разочаран од политиката која Русија и Бугарија ја воделе кон Македонија. По сè изгледа, ова движење го привлекло Кусевич и тој потајно посакувал оваа дипломатска лакрдија да стане реалност“.[1] Од 1892 до 1893 година архимандрит Методиј е први ректор на Цариградската духовна богословија (денешната Пловдивска духовна богословија „Св. св. Кирил и Методиј“). Старозагорски митрополит![]() ![]() На 22 април 1894 г., архимандрит Методиј добива епископски сан со титула Велички и е назначен за управител на епархијата на Стара Загора. В 1895 година Кусев заедно с Илија Георгов, Георги Паунчев и Георги Капчев е член на делегација, која од името на Македонскиот комитет во Плоешти ја моли руската влада за приложување на ветените од Берлинскиот конгрес реформи во Македонија.[2] Во 1896 г. Светиот Синод на Бугарската егзархија го избира за Старозагорски митрополит (1896 - 1904 и 1920 - 1922). За време на Балканските војни Митрополит Методиј развива дејност во полза на словенското население од Македонија. Во 1913 година ја издава книгата „Македонија во своите жители само Срби нема“. Во 1914 година Методиј Кусев ја издава книгата „Погромот на Бугарија. Виновникот“, во која ја обвинува руската политика за бугарската национална катастрофа.[3] Митрополит Методиј игра видна ролја во општествениот живот на Стара Загора. Автор е на многу статии и брошури за црковни и национални прашања. По негова иницијатива е создаден убавиот парк „Ајазмото“. За неговите огромни заслуки кон градот и неговите граѓани, кон крајот на 2000 г. Митрополит Методиј Старозагорски е удостоен посмртно од клуб „Отворено општество“ со титулата „Личност на милениумот“. Методиј Старозагорски умира на 1 ноември 1922 г. Погребан е во Стара Загора, во паркот „Ајазмото“, непосредно до црквата „Свети Теодор Тирон“. Извори
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia