Механичка рамнотежа![]() Во класичната механика, честичката е во механичка рамнотежа ако нето силата на честичките е нула. Со проширувањето, физички систем направен од многу делови е во механичка рамнотежа ако нето силата на секоја од поединечните делови е нула.:45–46 При дефинирање на механичка рамнотежа во оглед на силата, постојат многу различни дефиниции за механичка рамнотежа кои се сите математички еквиваленти. Во однос на импулсот, систем е во рамнотежа доколку динамиката на нејзините делови е константа. Во однос на брзината, системот е во рамнотежа доколку брзина е константна. Во вртежна механичка рамнотежа, аголниот импулс на објектот е конзервиран и нето вртежниот момент е нула.[1] генерално во конзервативни системи, рамнотежа се воспоставува во точката при конфигурацијата на просторот каде зголемувањето на потенцијална енергија во однос на генерализираните координати е нула. Ако честичката во рамнотежа има брзина нула, тогаш честичката е во статична рамнотежа.[2][3] Ако сите честички во рамнотежа имаат константна брзина, тогаш е секогаш можно да се најде инертна референтна рамка во која честичката е неподвижна, со оглед на рамката. СтабилностВажна одлика на системите во механичка рамнотежа е нивната стабилност. Тест на потенцијална стабилност на енергијаАко имаме функција која го опишува потенцијалната енергија на системот, ние може да ја утврдиме рамнотежата на системот со користење на калкулус. Системот е во машинска рамнотежа на критичните точки од функцијата со опишување на потенцијалната енергија на системот. Ние може да ги лоцираме овие точки користејќи го фактот дека дериватот на функцијата е нула во овие точки. За да се утврди дали системот е стабилен или нестабилен, ќе го примениме вториот дериватен тест: ![]()
![]()
![]()
Кога станува збор за повеќе од една димензија, можно е да се добијат различни резултати во различни правци, на пример стабилност во однос на преместувања во x-насока, но нестабилност во y-насока, случај познат како точка на седло. Генерално рамнотежа е стабилна ако таа е стабилна во сите правци. Статистички неопределен системПонекогаш нема доволно информации во врска со силите кои дејствуваат на телото за да се одреди ако тоа е во рамнотежа или не. Ова го прави статистички неопределен систем. ПримериПример за механичка ранотежа кај тело во мирување е статична рамнотежа. Минималниот број на статични рамнотежи на конвексни тела ( мирување на тело на хоризонтална подлога со помош на гравитациска сила) е најважно. Во овој случај, минималниот број е 4, додека пак во 3 димензии може да се изгади тело со само една стабилна и една нестабилна рамнотежна точка, ова се нарекува гомбок. Пример за механичка рамнотежа е човек кој притиска на федер. Тој може да го притисне додека не дојде во состојба каде што реактивната сила на федерот и силата која се соопштува врз федерот е еднаква, тогаш човекот нема да може да ја притисне уше повеќе. Во оваа состојба системот ќе биде во механичка рамнотежа. Кога силата на притискање ќе се намали федерот се враќа во својата првобитна состојба. Забелешки и препораки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia