Меѓународен кинолошки сојуз
Меѓународниот кинолошки сојуз, познат и по меѓународната кратенка ФЦИ (француски: Fédération Cynologique Internationale, FCI), е светска кинолошка организација, основана со цел да се унапредува и заштити кинологијата и чистите раси на кучиња, со седиште во Белгија. Таа вклучува 84 членки и договорни партнери (по еден член од секоја земја) кои издаваат свои педигреа и ги обучуваат своите судии. сојузот се грижи педигреата и судиите да бидат меѓусебно признаени помеѓу членките. Покрај тоа, сојузот води регистар на раси на кучиња со прецизен опис. Според регистарот, денес има 339 признаени видови на кучиња. Исто така, сојузот води список на овластени судии од сите државни организации. Спротивно на раширеното мислење, ФЦИ не издава педигреа, ниту пак чува информации за одгледувачите на кучиња. Овие задачи ги извршуваат државните кинолошки здруженија кои се членки на ФЦИ. НатпревариФЦИ го дефинира календарот на меѓународните изложби на кучиња. Според тој календар, секоја земја-членка организира меѓународни натпревари во убавина како и во работни проби на кучињата. Наградите соодветно се нарекуваат:
Резултатите ги потврдува сојузот. После определен број на освоени награди, едно куче може да добие титула меѓународен шампион во работа или во убавина. ИсторијаМеѓународниот кинолошки сојуз е создадена на 22 мај 1911 со цел да се унапредува и заштити кинологијата и чистите раси на кучиња. Основачи на ФЦИ биле кинолошки здруженија од Германија, Австрија, Белгија, Франција и Холандија. Сојузот се распуштил во текот на Првата светска војна, и бил повторно создаден во 1921 г. Во 1968 г. организацијата станала правно лице. СтруктураФЦИ се состои од следниве тела:
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia