Миланска модна недела
Миланска модна недела (италијански: Settimana della moda) — моден настан што се одржува полугодишно во Милано, Италија. Настанот за колекциите „есен/зима“ се одржува во февруари/март секоја година, а настанот за колекциите „пролет/лето“ се одржува во септември/октомври секоја година. Историја и активностиМодната недела во Милано e основана во 1958 година и е дел од глобалната „Големата четворка на модни недели“. Останатите модни недели се Модната недела во Париз, Модната недела во Лондон и Модната недела во Њујорк.[1][2] Прва започнува онаа во Њујорк, потоа следи Лондон, па Милано, и завршува со Париз. Модната недела во Милано е делумно организирана од Националната комора за италијанска мода, непрофитна асоцијација која го координира и промовира развојот на италијанската мода [3] и е одговорна како домаќин на модните настани и ревии на Милано. Пртходник на оваа комора е Синдикалната комора за италијанска мода, основана на 11 јуни 1958 година. За промоцијата на овој сектор клучна улога имаа сопствениците на најважните претпријатија во Италија, вклучително и некои приватни претпријатија кои беа присутни на тогашниот "Меморандумот за асоцијација". Тука би можеле да се споменат Роберто Капучи, Емилио Шуберт, Марија Антонели, принцезата Карачиоло Џинети и Симонета Колона Ди Касерo. Дигитална модна неделаПоради пандемијата на COVID-19, изданието на Модната недела во Милано 2020 се одржала само преку дигиталните медиуми од 14 јули до 17 јули 2020 година.[4] МестаМодната недела во Милано вклучува повеќе од 40 ревии секоја сезона и го претвора градот во туристичка атракција преку обезбедувајќи различни места за изложбите, избирајќи ги најелегантните и највлијателните палати за да како сцена за дизајн. Пример за локации на кои се одржуваат модните настани се се Палацо Реале, Палацо Сербелони и многу други. КонтроверзииВо 2014 година, организацијата Greenpeace протестираше за да бара „мода без токсични материи“ со закачување знаци на Галеријата Виторио Емануеле Втори.[5] Кјара Кампионе од Гринпис Италија притоа дава изјава дека демонстрацијата е наменета за да се побара од италијанските модни компании, особено Версаче, како компанија со највисоко ниво на опасни хемикалии во своите производи, јасно да се обврзе дека ќе ги елиминираат штетните материи од различните фази на производство. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia