Милан Видмар
Милан Видмар (22 јуни 1885 – 9 октомври 1962) — познат словенечки електроинженер, шахист, шаховски теоретичар и писател. Тој бил еден од најдобрите шахисти во светот од 1910 до 1930 година, а во 1950 година бил еден од првите шахисти кои ја добиле титулата Меѓународен велемајстор од ФИДЕ. Во својата кариера, Видмар бил специјалист за енергетски трансформатори и пренос на електрична струја. Ран живот, семејство и образованиеТој бил роден во семејство од средна класа во Љубљана, која тогаш била дел од Австроунгарија (денес Словенија). Во 1902 година започнал да студира машинско инженерство, а дипломирал во 1907 година на Универзитетот во Виена. Потоа, во 1911 година, докторирал на Техничкиот факултет во Виена. Студијата за електротехника ја започнал во 1904 година на Техничкиот факултет, но бидејќи тоа било подоцна од очекуваното, морал да полага посебни испити за основите на оваа област. Помеѓу 1912 и 1913 година работел во познатиот Ганц Воркс во Будимпешта како асистент на Ото Титус Блати, еден од пронаоѓачите и најистакнатите експерти за трансформатори кои пак станале специјализација на Видмар. Бил професор на Универзитетот во Љубљана, член на Словенечката академија на науките и уметностите и основач на Електротехничкиот факултет. Помеѓу 1928 и 1929 година бил 10-ти канцелар на Универзитетот во Љубљана. Во 1948 година го основал Институтот за електротехника кој сега го носи неговото име.[1] Шаховска кариераВидмар исто така бил врвен шахист, веројатно еден од најдобрите десетици играчи во светот од 1910 до 1930 година, а притоа останал аматер. Ја добил титулата велемајстор од ФИДЕ во 1950 година, кога биле воведени титулите. Неговите шаховски успеси вклучуваат високи позиции на некои од најпрестижните шаховски турнири во неговото време:
Видмар ја претставувал Југославија на шаховските олимпијади во Прага 1931 година и Стокхолм 1935 годинна.[2] Видмар станал шаховски судија, добивајќи ја титулата меѓународен судија од ФИДЕ и бил главен судија на Светското првенство во шах во 1948 година во Хаг/Москва. СемејствоНеговиот помлад брат, Јосип Видмар, бил влијателен словенечки литературен критичар и јавен интелектуалец; неговиот син, Милан Видмар Џуниор бил меѓународен мајстор во шах. ПочитСловенечката шаховска федерација организира меѓународен велемајсторски турнир наречен меморијал Милан Видмар.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia