Милица Гаврилска

Милица Гаврилска ( 1924 во Свети Николе) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Работела како службеник. Учествувала во заднината на НОД во родниот град од 1943 година, како член на читачка група. Како службеник во Комесарството за исхрана успевала да дојде до купони за исхрана кои биле доделувани на семејствата чии најблиски учествувале во НОВ. Во 1944 година била примена за член на КПМ, а во октомври истата година била избрана за член на Околискиот комитет на СКОЈ, а подоцна и за член на Околискиот комитет на КПМ - Свети Николе.[1]


Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1020.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya