Милост (обраќање)Неговата Милост или Нејзината Милост (англ. His/Her Grace) е начин на обраќање кој се користел кон монархот на Шкотска сѐ до Унитарниот Акт од 1707, со кој се обединиле Кралството Англија и Кралството Шкотска. Денес ова се користи кон некралски војводи и војвотки во Обединетото Кралство. Вака се ословува и архиепископот на Англиската Црква, како и во други делови од Англиканската заедница во светот. Во Англија и некои други англофонски земји ословувањето се користи и за Римокатолички архиепископи. Во православието се користи за епископи и игумени. Пример за ова обраѓање е: Неговата Милост Војводата од Норфолк, или Неговата Милост Кантербурскиот Архиепископ; или Ваша Милост во зборување или писмено обраќање. Кралските војводи пак, Војводата од Јорк, се ословуват со нивната повисока кралска титула, Кралско Височество. |
Portal di Ensiklopedia Dunia