Мимопластичната уметност како уметнички облик се смета дека се појавил со позирањето на Ема Хамилтон за сликарот Џорџ Ромни
Мимопластична уметност, познната и како атитуди — изведбена уметност за приказ на уметнички дела со примена на мимика. Мимопластичната атитуда се разликува од живата слика поради нејзината имитација на класична скулптура.[1] Со мимопластичната уметност се прикажуваат уметнички дела, особено класични личности.[2]
Историја
Мимопластичната уметност била популаризирана од страна на Ема Хамилтон.[3] Нејзиниот уметнички облик веројатно се појавил со нејзиното позирање за сликарот Џорџ Ромни. Во 1787 година, Волфганг фон Гете запишал:
„... со неколку шамии, таа им дава голема разновидност на нејзините пози, гестури, изрази итн., така што гледачот едвај може да им верува на своите очи... Ова е сигурно: како изведба е нешто коешто го немате видено претходно во вашиот живот.“[4]
Овој уметнички облик бил особено популарен меѓу жените од високата класа во Европа во периодот од 1770 до 1815 година. Во тоа време, тие создавале мимопластична уметност во нивните домови.[5] Атитудите на Ида Брун биле проследени со позадинска музика и наративи.[6] Литературниот критичар Хенинг Фенгер сметал дека Бруновата „мимопластична уметност ја маѓепсала Европа“.[7] Други познати изведувачи на оваа уметност биле Хенриета Хендел-Шиц[8] и единствениот машки изведувач на атитуди Густав Антон фон Зекендорф.