Министерство за земјоделство на САД (англиски: United States Department of Agriculture, USDA) — министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неисхранетоста и гладот во САД и во странство.
На чело на министерството стои министерот за земјоделство (наречен „Секретар за земјоделство“), кој е член на кабинетот.
Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработени[1] и годишен буџет од 132,3 милијарди долари.[2]
Одделенија и служби
Секретар (министер) за земјоделство
Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство
Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
Служба за регулатива и запазување
Служба за странско земјоделство
Служба за управување со ризици
Здружение за стоково кредитирање
Федерално здружение за земјоделско осигурување
Потсекретар за природни ресурси и животна средина
Шумарска служба на САД
Служба за заштита на природните ресурси
Потсекретар за рурален развој
Служба за рурално домување
Служба за рурална инфраструктура
Рурална деловно-кооперативна служба
Потсекретар за храна, исхрана и потрошувачки услуги
Служба за храна и исхрана
Центар за политика и застапништво на исхраната
Потсекретар за безбедност на храната
Инспекторат за безбедност на храната
Потсекретар за научна работа, образование и економија
Служба за земјоделска научна работа
Служба за заедничка државна научна работа, образование и надградба
Служба за економско истражување
Национална земјоделска библиотека
Национална земјоделска статистичка служба
Потсекретар за пласман и регулативни програми
Служба за земјоделски пласман
Здравствен инспекторат за животни и растенија
Управа за инспекција на жито, пакување и складишта