Министерство за регионален развој и инфраструктура на Грузија
ИсторијаМинистерството е основано врз основа на претходната владина агенција наречена Државно Министерство за прашања на регионално управување на 2 февруари 2009 година во согласност со член 81 (2) од грузискиот устав и законот за структурата, овластувањата и редот на активностите на Владата на Грузија. Била укината посебната државна агенција Обединета транспортна управа и Одделот за патишта и нејзиниот делокруг на активности се префрлил на новоформираното министерство.[3] Министерството се финансира од државниот буџет.[4] Давит Ткешелашвили бил првиот министер кој ја извршувал оваа функција.[5] СтруктураМинистерството го надгледува регионалниот и инфраструктурниот развој во целата земја, кој вклучува модификација и модернизација на државните патни мрежи од меѓународно и домашно значење. Тоа е исто така задолжено за активностите за следење на архитектонските и градежните работи во Грузија. Министерството издава предлози и нацрти за модернизација на грузиската инфраструктура кои потоа се разгледуваат од Парламентот на Грузија. Агенцијата е составена од Канцеларијата на министерот, Административното одделение, Одделот за генерална инспекција, Одделот за правна поддршка и реформи, Одделот за регионален развој, Одделот за односи со јавноста, мобилизација и Канцеларијата за координација на подготовка на војската, Канцеларијата за меѓународни односи, како и нејзините поделби (Оддел за автомобилски патишта во Грузија, транспортна администрација и главна архитектонско-градежна инспекција.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia