Мирза Делибашиќ
Мирза Делибашиќ (Тузла, 9 јануари 1954 - Сараево, 9 декември 2001) – босанскохерцеговски кошаркар. Вброен е меѓу 50 лица кои најмногу придонеле за Евролигата.[1] Играчка кариераКлупска кариераБлескавата спортска кариер ја започнал во 1968 година кога станал пионерски првак на Босна и Херцеговина во тенис. Член на кошаркарскиот клуб Слобода од Тузла станал во 1968 година и во него останал до 1972 година, кога преминал во КК Босна од Сараево кога го одиграл и првиот натпревар против КК Југопластика од Сплит. Бил првак на СФР Југославија и Европа и го освоил Купот на Југославија во кошарка. За КК Босна одиграл 700 натпревари и постигнал околу 14 000 кошеви. Со екипата на Босна бил и вицешампион на светот, на клупското светско првенство во 1979 година кое се одиграло во Бразил. После играњето во Босна, играл за Реал Мадрид каде во 1983 година заради излив на крв во мозокот морал трајно да се повлече од активното играње.[1] Репрезентативна кариераВо дресот на репрезентацијата на Југославија (одиграл 176 натпревари и постигнал 1.759 бода) ref>KK Bosna: Mirza Delibašić Архивирано на 17 октомври 2013 г.</ref> бил првак на Балканот, Европа, светот и олимписки победник. Тренерска кариераМирза Делибашиќ бил првиот селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ.[2] на Европското првенство во Германија во 1993 година под негово водство кошаркарската репрезентација на БиХ го освоиле осмото место.[2][3] Во 1995 година поднел оставка на селекторското место.[2] Спортско административна кариераБил директор на КК Босна на кое место останал до смртта во 2001 година. ПризнанијаДобитник е на многу спортски и општествени признанија.
Спомен
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia