Мирослав ЛајчакМирослав Лајчак (словачки: Miroslav Lajčák; (Попрад, 20 март 1963) – словачки политичар и дипломат. ЖивотописДипломирал право на универзитетот Коменски во Братислава. Студирал меѓународни односи на Државниот институт за меѓународно право во Москва. Студирал и на Европскиот центар „Џорџ Маршал“ за студии за безбедност во Гармиш-Партенкирхен во Германија.[1] Лајчак течно зборува англиски, германски, руски, бугарски, како и српски / хрватски / босански јазик.[2] Политичка кариераБил соработник на чехословачкото Министерство за надворешни работи од 1988 година. Помеѓу 1991 и 1993 година, Лајчак бил амбасадор на Чехословачка и Словачка. Бил словачки амбасадор во Јапонија меѓу 1994 и 1998 година.[2] Помеѓу 1993 и 1994 година, бил шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи Јозеф Моравчик. Бил негов шеф на кабинетот и кога Моравчик станал премиер на Словачка. Од 1999 до 2001 година, бил асистент на Едуарад Кукан, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Балканскиот Полуостров. Помеѓу 2001 и 2005 година, Лајчак бил амбасадор во СР Југославија, Албанија и Република Македонија.[2] Во 2006 година бил назначен за пратеник на Европската Унија за спроведување на Референдумот за независност Црна Гора. Од 30 јуни 2007 бил на функцијата висок претставник за Босна и Херцеговина, каде го заменил Кристијан Шварц-Шилинг. На 16 декември 2007 година бил избран за „Личност на годината“ при изборот на дневниот весник „Независне новине“, а две недели подоцна, на 28 декември, ја добил истата титула во изборот на „Дневни аваз“.[2] На 26 јануари 2009 година, Лајчак станал министер за надворешни работи на Словачка. На таа позиција останал сè до 9 јули 2010 година. Во декември истата година, европската служба за надворешни работи го назначила за директор за Русија, Истокот и Западен Балкан. Од 4 април 2012 година во владата на Роберт Фицо ги извршувал функциите заменик премиер и министер за надворешни работи на Словачка Република. Од 12.09.2017 до 19.09.2018 година, Мирослав Лајчак бил претседател на Генералното собрание на Обединетите нации. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia