Мито Спасевски
Мито Спасевски (Мраморец, 1952) — македонски поет, професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1][2] ЖивотописМито Спасевски е роден 1952 година во с. Мраморец, Дебарца, Охридско. Доктор е по филолошки науки од областа на книжевноста. Редовен професор e на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и предава предмети од областа на книжевноста, јазикот и говорот. Автор е на дваесетина научни и стручни дела од областа на книжевноста, јазикот и литературата („Фолклорни и книжевни огледи за литературата за деца“, „Аналитички студии и опсервации на литературата за деца“, „Литература за деца“, „Воспитно-образовни аспекти по култура на говор“, „Методика на воспитно-образовната работа по култура на говор“, „Книжевни проследби и студии“ и др.). Автор е на повеќе од стотина научни трудови и проекти од областа на книжевноста, говорот и јазикот, презентирани на меѓународни и домашни научни собири. Тој е еден од основачите, а бил и потпретседател на Балканската асоцијација на педагошки факултети. Бил меѓународен рецензент од областа на книжевноста и културата на говорот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година. Книжевно творештвоМито Спасевски е автор на поетските книги[2][1]:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia