Михаил Сарафов
Михаил Константинов Сарафов бил бугарски револуционер, политичар, просветен деец и дипломат. Тој учествувал во неколку бугарски влади како претставник на Либералната, а подоцна на Прогресивнолибералната партија - како просветен (1880-1881), финансиски (1884, 1902-1903) и министер за внатрешни работи (1901-1902). ЖивотописМихаил Сарафов е роден на 26 февруари (14 февруари стар стил) 1854 година во Трново. Брат е на генералот Иван Сарафов и докторот Георги Сарафов. Првично учел во родниот град, а во 1875 година завршил гимназија во Загреб. Потоа учествувал во работата на Бугарскиот револуционерен централен комитет во Букурешт и во раководството на револуционерниот комитет во Трново, каде бил учител во периодот меѓу 1875-1876 година. Бил уапсен за кратко, по што ја напуштил земјата и ги посетува универзитетите во Загреб, Минхен и Париз [1]. По враќањето во Бугарија, Михаил Сарафов бил поставен за министер за народното просветителство во владата на Петко Каравелов (1880-1881). За време на Режимот на полномошното (1881-1883) го предводел новоформираниот Заводот за статистика при Министерството за финансии, на таа функција го организирал првиот попис во Бугарија. Во 1884 година е министер за финансии во владата на Цанков Драган. Во истата година станал член на Бугарското книжевно друштво (БКД). Во периодот меѓу 1893 и 1896 година, Сарафов бил директор на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а од 1895 до 1896 и на Солунската женска гимназија. Поради своите погледи, во Солун дошол во судир со македонското егзархиско граѓанство и основачите на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа под влијание на Организацијата, авторитетот на Сарафов меѓу солунското граѓанство опаднало, a за овие случувања Петар Поп Арсов во Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници вели дека:
Сарафов откако не можел да се наметне во Солун се вратил во Бугарија. По враќањето во Софија бил поставен за заменик-директор на осигурителната компанија Балкан (1897-1900) и благајник на БКД (1898-1904). Учествувал како министер за внатрешни работи во коалиционата влада на Петко Каравелов (1901) и како министер за финансии во трите самостојни прогресистички влади на Стојан Данев [3]. Во следните години Михаил Сарафов заземал различни дипломатски функции. Тој бил дипломатски претставник на Бугарија во Виена (1904-1909) и Цариград (1909-1913) и претставник на Министерството за надворешни работи во Солун за време на Балканските војни (1913). Учествува и во бугарската делегација за потпишување на Нејскиот договор во 1919 година Михаил Сарафов умрел во Софија на 13 декември 1924 година. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia