Млада месечина

Одвивање на месечевите мени

Млада месечина или новина[1]месечева мена во која Месечината, за време на нејзината синодична револуција која трае околу 29,53 дена, е помеѓу Земјата и Сонцето. За време на оваа мена таа не е на ноќното небо. Во текот на денот, фактот дека нејзиното видливо лице не е осветлено од Сонцето и дека е блиску до сончевиот диск, го отежнува набљудувањето со голо око.

Младата месечина понекогаш се смета за моментот на појавување на првата видлива месечина, по астрономско врзување. Ова се забележува веднаш над хоризонтот на запад, за време на краткиот период помеѓу зајдисонце и зајдувањето на Месечината. Точниот момент, па дури и датумот на оваа појава зависи од географската положба на набљудувачот.

Астрономската млада месечина, по дефиниција се случува токму во моментот на нејзиното астрономско врзување со еклиптичката лонгитуда на Сонцето, како што се гледа од Земјата. Овој момент е единствен и не зависи од географската положба на набљудувачот. Ако Месечината е доволно близу до рамнината на еклиптиката, имаме затемнување на Сонцето.

Астрономски набљудувања

Оваа месечева мена е интересна за астрономите бидејќи во овој период Месечината не е видлива во текот на ноќта, а во другите фази нејзината осветленост го попречува посматрањето на небото.

Во фразеологизмите во македонскиот јазик

  • Од новина на погибел (ретко)[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Новина - млада месечина на Дигиталниот речник на македонскиот јазик

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya