Моира Орфеи![]() Моира Орфеи ( англиски: Miranda Orfei; 21 декември 1931 година - 15 ноември 2015 година) била италијанска глумица и позната личност со ромско потекло.[1][2] Таа важела и за кралица на италијанскиот циркус. КариераТаа пораснала во семејство кое било сопственик на циркуската компанија Циркус Орфеј. Таа станала симбол на циркусот во Италија и со тоа се стекнала со меѓународна слава.[2] Циркусот Моира Орфеи бил основан во 1960 година. Дино де Лаурентис и предложил да го смени името во Миранда Моира.[3] Билборди со нејзината слика имало во секој град каде што циркусот бил отворен. Таа исто така станала филмска глумица која глумела во над четириесет филмови, од комедии до италијански крими филмови.[2] Личен животНејзини родители биле Ричард Орфеј и Виолета Арата. Таа се омажила за Валтер Ноунс во 1961 година и имала две деца: Стефано и Лара Орфеј. Доживеала мозочен удар на 4 август 2006 година, за време на шоуто на Џojоза Јоник. Девет години подоцна, на 15 ноември 2015 година, починала во Бреша, Италија.[1][4] Делумна филмографија
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia