Молекуларна машинаМолекуларна машина или наномашина[1] е секој цел број на молекуларни компоненти кои произведуваат квазимеханички движења (излез) како одговор на специфични дразби (влез).[2] Овој израз најчесто се употребува како општ поим за молекули кои едноставно ги имитираат функциите што се случуваат на макроскопско ниво. Поимот е исто така чест во нанотехнологијата, каде се претпоставува постоење на низа сложени молекуларни машини за конструкција на наноасемблери. Молекуларните машини можат да се поделат на две пошироки категории: синтетички и биолошки. Молекуларните системи способни да ја менуваат рамнотежата на хемиските или механичките процеси претставуваат потенцијална важна гранка на хемијата и нанотехнологијата. Бидејќи градиентот добиен од овој процес може да изведува корисна работа, овие типови на системи, по дефиниција, се пример за молекуларни машини. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia