Монитор![]() Монитор е приказен уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал. Димензии и облик на екранотГолемината на мониторот обично се изразува со должината на дијагоналата на неговиот екран. Меѓутоа проблемот на ова изразување е што не знаеме дали екранот е во квадратна форма или има некоја правоаголна форма односно има широк екран(widescreen). Во последно време покрај должината на дијагоналата е даден и односот на страните доколку тој е правоаголен(на пр. 4:3 или 16:9). Понова практика се мониторите со широк екран поради нивната погодност за гледање филмови и други видео содржини. Технологии на прикажување на сликатаЕкрани со течни кристали (LCD)![]() Обичните LCD Монитори(англ. liquid crystal display) своевремено беа еден од најдобрите пронајдоци на ова поле, меѓутоа во денешно време најчесто се користи нивната подобрена верзија - тенкоопнените монитори (TFT), поради подобрениот контраст, побрзото реагирање на промени и отстранување на некои дефекти кои се јавуваа кај старите LCD монитори. Екрани со тенкоопнени транзистори на основа на течни кристали (TFT)Овие екрани кои се засноваат на течни кристали користат и тенок транзистор даваат многу подобра слика од обичните LCD монитори и затоа го зазедоа нивното место во масовното производство Екрани на катодна цевка![]() Мониторите на основа на катодна цевка се една од најстарите технологии за монитори. Како што и самото име кажува се состојат од една цевка која на крајот се проширува и завршува со екран кој е обложен со фосфорен материјал. На тесниот крај од цевката се состои електронски топ кој испукува сноп од негативно нелектризирани електрони, кој потоа се насочува кон екранот кој е составен од неколку илјади точки(пиксели)обложени со флуоресцентен материјал. Па во зависност од тоа кои точки се погодени тие светат и се добива сликата. Катодната цевка има задача електричниот сигнал да го претвори во визуелен сигнал видлив зачовечкото око. Елементите на катодната цевка се сместени во стаклен балон, во кој владее вакуум, и таа е осно симетрична. Првиот дел од катодната цевка се нарекува електронски топ. Тој е сместен во грлото на цевката и има задача да создаде млаз од брзи електрони. Првиот дел од електронскиот топ е триелектроден систем со влакно за жарење, катода, решетка наречена Венелтов цилиндар и анода. Зажарената катода емитира електрони што ги привлекува анодата која е на повисок потенцијал од катодата. Бројот на електроните што одат кон анодата се контролира со напонот на Венелтовиот цилиндар. Анодата во средината е шуплива, така што забрзаните електрони продолжуваат да се движат во вториот дел од електронскиот топ. Тука се сместени неколку цилиндрични аноди што се приклучени на различен потенцијал. Овие електроди дејствуваат како електростатички леќи и вршат фокусирање на млазот на забрзаните електрони што, на крајот, удираат во екранот. Млазот од брзите електрони што ги создава електронскиот топ поминува помеѓу два пара паралелни и меѓу себе нормално поставени отклонски плочки. Едниот пар се нарекува Y-плочки, а другиот Х-плочки.На нивните приклучници се донесуваат два напона и . Под влијаниена тие напони, помеѓу секој пар плочки се создава електростатичко поле што дејствува на млазот електрони и нив ги отклонува. Отклонот од замислената оска на симетријата на цевката е пропорционален на големината на приклучениот напон и секогаш е во насока нормална на рамнината на плочките. Со ова, всушност, млазот електрони се отклонува независно во две нормални оски истовремено, наречени Y и Х-оска. Вака отклонетиот млаз дополнително се забрзува во подрачјето за дополнително забрзување, со помош на некој висо кконстантен напон од неколку киловолти. Притоа, електроните добиваат потребна енергија и удираат во екранот од катодната цевка. Екранот е премачкан со флуоресцентен материјал, обично наречен фосфор, а тоа всушност се соли на цинк, кадмиум или берилиум. Ако на ваков материјал удри електрон со доволна брзина, се јавува светла точка која, во зависност од материјалот на екранот, има зелена, сина, жолта или бела боја. За случајот опишан погоре, на екранот се добива светла точка што се отклонува во две насоки, под влијание на двата однадвор приклучени напона. Бидејќи светлата точка на екранот се задржува извесно време по престанувањето на дејствувањето на електронскиот млаз, нае кранот се добиваат криви што претставуваат зависност на две променливи големини. Цевката со маска за репродукција на слика во боја, својата работа ја заснова врз постоење на три вида флуоресцентни материјали што даваат црвена,зелена и сина светлина и кои прават мозаик на екранот во вид на посебни меѓусебе изолирани точки. Пред екранот е поставена метална маска што има околу 400.000 кружни отвори. Во цевката се сместени три електронски топа чии електронски млазови се фокусирани да паѓаат само во едно дупче од маската и секој млаз паѓа на ист вид флуоресцентен елемент од екранот. Ова се постигнува со помош на два помошни калема за конвергенција на млазот и за чиста боја. Бидејќи истовремено светат три точки на екранот, со промената наинтензитетот на светлината на овие елементи се добива визуелна претстава за другите бои од спектарот. Бидејќи голем број од електроните удираат на маската и не доаѓаат до екранот, за да се добие потребната светлина на сликата, за дополнително забрзување на млазот се користи напон од околу 24 kV. Постои друг тип катодна цевка за добивање слика во боја кај која флуоресцентниот материја за различни бои е нанесен во вид на вертикални линии, наречена цевка за боја во линии. Со неа се добива поголема ефикасност на електронскиот млаз, а електронските кола за добивање добра слика се поедноставни. [1] Да напоменеме дека брзината на добивање на слики за овие монитори е од 50 до 100 слики во секунда. Проблемот кај овие монитори се јавува што ги заморува очите па затоа е потребно висока брзина на освежување на сликата поголема од 72 Hz(слики во секунда). Плазма екрани![]() Плазма мониторите користат технологија со рамен екран, и во денешно време најчесто се користат при правењето на големи телевизори. Принципот на работа се состои во тоа што меѓу две стакла е заробена смеса од два благородни гасови коишто се возбудуваат и создаваат плазмa која потоа го возбудува фосфорниот материјал со кој е обожен екранот да емитира светлина. Критериуми за квалитет
Споредба на технологиитеМонитори со катодна цевкаПредности:
Недостатоци:
LCD МониториПредности:
Недостатоци:
Плазма МониториПредности:
Недостатоци:
ПроблемиМртви точки(пиксели)Овој проблем најчесто се јавува кај LCD Мониторите кога произведувачите поради пониски цени нудат монитори кај кои некои од точките не работаат. Најчесто тоа се неколку точки и секоја компанија нуди гаранција доколку има над одреден број мртви точки. Тие точки имаат црна боја и најчесто се забележуваат на бела позадина Горење на фосфоротОвој проблем се јавува кај екраните со катодна цевка кај кои со текот на времето согорува фосфорот и остануваат некои бледи слики дури и текст кога екранот е исклучен. Горење на плазматаСличен проблем се јавува и со горењето на плазмата но е многу почест отколку кај мониторите со катодна цевка. "Screen saver"-ите ги ублажуваат овие проблеми. Грешка во прикажувањето на боитеДоколку точките со боите не се наредени прецизно се јавуваат грешки при прикажувањето на боите. Овој проблем се случува кај сите монитори а најмногу кај LCD Екраните. Монитори на допирМониторите на допир се една од најновите технологии, каде што екранот може да ја детектира површината која што сме ја допреле што го прави мониторот и како излезен уред. Допирањето најчесто се врши со прст или со посебно пенкало. Има повеќе различни технологии за да се утврди местото каде што се врши допирот. Прилично се посложени за изградба, меѓутоа имаат сè поголема употреба во технологијата поради нивната практичност. Да не заборавиме дека екранот мора редовно да се чисти од отпечатоците. Бидејќи е нова и сѐ уште неусовршена технологија се јавуваат многу грешки како неправилно отчитување на местото на допир. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia