Моноплакофори
![]() Моноплакофорите (класа Monoplacophora) се мекотели со единечна симетрична черупка. Тие се мала група на камбро-силуриски фосили кои припаѓаат на фамилијата Tryblidiidae. Единствен денешен жив род е неопилината (Neopilina). Физички одликиМоноплакофорите имаат черупка која варира во формата од зарамнета штитовидна плочка па до краток конус. Черупката е голема и билатерално симетрична и има еден вдлабнат сифон. Врвот на черупката лежи речиси вертикално над предната маргина на средната (медијална) линија. Маргината на черупката е речиси кружна и малку издолжена во сагиталната празнина. Черупката е релативно тенка, има три слоја, и е потенка на маргините отколку во центарот. Палијалната (мантијна) празнина го дели работ на стапалото од мантијата на секоја страна. Оваа празнина формира плиток олук кој целосно го заобиколува животното. Внатрешно е поделена со ѕидовите на стапалото и странично со палијалниот лист кој лежи под маргината на черупката. Во предниот дел, мантијната празнина ги содржи устата, која е опколена со пар од пипала. Странично, мантијната празнина содржи пет или шест пара на жабри. Стапалото е кратка циркуларна колумна. Рамниот стомачен ѕид на стапалото е тенок и речиси отсуствува неговата мускулна поддршка. Прекриен е со цилијарен епител и формира подножје за ползење. Ползењето е потпомогнато со мукусот кој се лачи од педалната жлезда, која лежи на предниот дел од стапалото. Моноплакофорите се долги од 3 mm до 3 cm и внатрешната организација им е мешавина од онаа на полжав и хитон. Главата е мала. Устата е сместена на предниот дел од стапалото, а анусот се отвора во палијалната празнина на постериорниот крај на телото, зад стапалото. Пред устата се наоѓа предустен превој (или велум). Друг превој лежи зад устата и се проектира на секоја страна како маса на постусни пипала. ТаксономијаРед Tryblidioidea
|
Portal di Ensiklopedia Dunia