Монсанто![]() Монсанто (англиски: Monsanto, The Monsanto Company) — меѓународно претпријатие, кое во минатото се занимавала со производство на хемиско оружје, чијашто сегашна основна дејност му е биотехнологијата. Монсанто е најголем произведувач на хербицидот глифосат, познат како „Раундап“ (англиски: Roundup). Монсанто е и најголем произведувач на генетски изменетото семе со пазарно учество од 70 до 100% кај некои култури. Како главен излагач на генетски изменетата храна Монсанто е фокус на многу антиглобалистички и еколошки кампањи посебно поради семето на сојата и хормонот за раст на стоката. Уште еден од проблемите врзани со ГМО семињата која ги произведува ова претпријатие е и тоа што кога еднаш ќе се засее генетски изменето семе, на тоа земјиште веќе ништо друго не може да расте. По зборовите на потпретседателот на Монсанто од 1998 година „компанијата нема да гарантира за сигурноста на храната која ја произведува, затоа што наша цел е што поголема продажба, а задача на министерството (FDA) е да ја контролира сигурноста.“ [1] [2] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia