Мордехај Вануну
Мордехај Вануну (хебрејски: מרדכי ואנונו; роден на 14 октомври 1954) — поранешен израелски јадрен техничар кој, повикувајќи се на неговото спротивставување на оружје за масовно уништување, открил детали за јадрената програма на Израел пред британскиот печат во 1986 година[2][3]. Тој подоцна бил вовлечен во Италија од страна на агент на Мосад, каде што бил дрогиран и киднапиран од страна на израелските разузнавачки агенти. Тој бил пренесен во Израел и на крајот осуден во судскиот процес кој се одржал зад затворени врати[2]. Вануну поминал 18 години во затвор, вклучувајќи и повеќе од 11 години во самица. Бил ослободен во 2004 година под услов да не го напушта Израел, да не се доближува до странските амбасади ниту пак да контактира со странски новинари. Од тогаш тој бил уапсен на неколкупати за прекршување на овие ограничувања, поради давање интервјуа за странски новинари. Тој изјавил дека претрпел "суров и варварски третман" во рацете на израелските власти додека бил затворен и сугерирал дека неговиот третман би бил поинаков доколку тој бил Евреин (Вануну е христијанин кој го примил христијанството од јудаизмот)[4]. Во 2007 година, Вануну бил осуден на шест месеци затвор поради кршење на условите при неговото условно ослободување. Во одговор на ова, Amnesty International издал соопштение за медиумите на 2 јули 2007 година, во кое навело дека "Организацијата смета дека Мордехај Вануну е затвореник на совеста и повикала за негова итно и безусловно ослободување"[5]. Во мај 2010 година, Вануну бил уапсен и осуден до три месеци во затвор под сомнение дека тој се состанал со странски државјани. Од страна на Израел Вануну се третира како предавник[6][7][8][9]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia