Мордовски музеј на ликовни уметности „Ерзја“

Мордовски музеј на ликовни уметности „Ерзја“ е музеј во градот Саранск во Мордовија.

Музејот за ликовни уметности на Ерзијани во Мордовија ја поседува најголемата колекција од дела (над 200) направени од познатиот ерзјански скулптор Степан Дмитриевич Ерзја. Музејот содржи и збирка на дела на мордовски народни уметници, како што се Федот Сичков и Иван Макаров. И двајцата, како и Ерзија биле родени во Мордовија. Музејот изложува колекции од сите главни уметнички форми: сликарство, цртеж, скулптура. Исто така, постојат изложби и збирки на руската уметност од 18 и 19 век, како и на современата руска и мордовска уметност. Во 2002 година, музејот бил класифициран од Владата на Мордовија како еден од највредните објекти на културното наследство на Мордовијците.

Историја на музејот

Во 1941 година, веднаш по формирањето на Сојузот на мордовските уметници, било одлучено да се основа галерија со цел да се стимулираат младите уметници и да се промовира уметноста меѓу работничката класа. На 14 март 1941 година, во согласност со резолуцијата на Советот на националните мордовски комесари, во Саранск била отворена галеријата на уметности. Втората светска војна го спречила формирањето на музејот во Саранск. Прашањето било повторно покренато во 1950-тите. Имало многу нови уметници, некои од нив биле војниците кои се вратиле од војната. На 10 јануари 1960 година тие ја основале Мордовиската републичка галерија именувана по познатиот мордовски уметник Федор Сичков. Исто така, музејот добил голема колекција на дела на познатиот мордовски скулптор Степан Ерзја.

Отпрвин, музејот бил во еднокатна зграда на улицата Советскаја, но кога била преместена постојаната изложба на скулптурите на Ерзја, музејот бил споен со друга зграда. Модерната зграда на музејот е користена се од 100-годишнината на Ерзја.

Во 1978 година Галеријата била реорганизирана во Музеј за визуелни уметности Ерзја Мордовци

Во 2004 година на чело на музејот станала сликарката и дизајнерка Људмила Нарбекова.

Згради

Главната музејска зграда

Споменик на Степан Ерзја (2015)

Главната музејска инфраструктура се состои од две згради кои стојат една до друга. Западното крило е изградено во 1976 година, за 100-годишнината од Ерзија. Во 1985 година е изградена втората зграда веднаш до првата. Ги поврзува галеријата на 2 кат. Во 2001 година, на 125-годишнината од Ерзја, музејот бил реконструиран и неговиот изглед бил значително подобрен.

Изложбениот салон

Изложбениот салон на музејот (ул. Советскаја, 29, Саранск, Русија), бил изграден во средината на 1950-тите. Се наоѓа веднаш до Молдавскиот драмаски театар.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya