Мориц Лајтнер
Мориц Лајтнер (роден на 8 декември 1992) — германски фудбалер, играч од средниот ред на Норич Сити. Семејството и детствотоТатко на Лајтнер, Ервин Фелдбергер (роден 1943) доаѓа од Баден-Виртемберг град во близина на Бурладинген. Неговата мајка, која е родена со презимето Лајтнер е по потекло од Австрија. Ервин Фелдбергер исто така бил фудбалер во Минхен 1860. Мориц е роден во 1992 година како едно од двете деца во Минхен и израснал во предградието Антерфоринг.[1] КариераЛајтнер го направил своето професионално деби за Минхен 1860 на 14 август 2010, кога влегол во игра како замена за Александар Игњовски во натпревар од купот против Ферл. Во јануари 2011, Лајтнер е купен од страна на Борусија Дортмунд, но милионерите го праќаат на заем во Аугсбург, до крајот на сезоната 2010-11. Откако му помогнал на Аугсбург да обезбеди промоција во Бундеслигата, Лајтнер се вратил во Борусија во текот на летото 2011. Откако одлично се покажал на подготвителните натпревари, Лајтнер го добил дресот со број 7 и бил сместен во списокот со играчи на Борусија Дортмунд за претстојната сезона 2011-12 во Бундеслигата. Своето деби тој го имал на 24 септември 2011, кога се појавил во игра на местото на Шинџи Кагава во 70-тата минута, во победата против Мајнц на гости со 1-2.[2] На 1 јули 2013, Лајтнер му се приклучил на Штутгарт на позајмица до јуни 2015.[3] Титули
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia