Морски плодовиМорски плодови — назив за јадливи морски безрбетници. Морските плодови опфаќаат широк спектар на морски организми, но ги исклучува рибите и цицачите. Консумација на морски плодовиИсторија на консумацијата на морски плодови![]() ![]() Консумацијата на морски плодови датира барем од раздобјето на ловци-собирачи од праисторијата, од почетоците на историјата на кулинарската уметност. Најстарата позната консумација на морски плодови од страна на Homo sapiens се школки што ги јаделе пред 164 000 години и кои се пронајдени во Јужна Африка. Во 2011 година, биле пронајдени и остатоци од школки, што покажува дека и неандерталецот јадел морски плодови пред 150 000 години[1][2]. Здравствени аспектиСе смета дека морските плодови се добра храна за човековото здравје затоа што содржат различни олиго-елементи, како јод, магнезиум, витамин Б12, итн. Сепак, исто како и месото, треба да се консумираат свежи и здрави (не расипани), во спротивно може да предизвикаат тешки труења. Неколку вообичаени алергии се однесуваат на одредени морски плодови, особено оние кои претставуваат филтри (и биоинтегратори, особено школките) и може да имаат акумулирано, покрај микроби и паразити, тешки метали или други токсини невидливи со голо око (биоконцентрација). Месеци на „ Р “Во Франција, консумацијата на школки воопшто, а особено на остриги, е резервирана само во месеците кои ја содржат буквата „ Р “, односно од септември до април. Овој обичај потекнува од кралскиот указ од 1759 година, објавен по бројните смртоносни труења на дворот, со кој се забранува риболов и продажба на остриги од 1 април до 31 октомври, во време кога не постоело чување на храната на ладно и кога превозот бил бавен. Со овој указ, исто така, се избегнувало земање остриги од нивните легла за време на периодот на репродукција и со тоа се чувале ресурсите[3]. Денес остригите се јадат во текот на целата година, но во потоплите месеци тие се мрсни или „млечни“ поради присуството на гамети [4][5]. Сепак, овој израз останува релевантен за одредени видови како што е виолетовиот морски еж, поддржан од регулативите, со цел да се зачуваат ресурсите во времето на репродукција. Поради тоа, собирањето на морски ежови за консумирање е строго забранета од 1 мај до 31 август во Франција [6] . Список на морски плодови![]() Главните групи на безрбетници кои се јадат како морски плодови се: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia