Морфологија (биологија)![]()
Морфологија — биолошка наука која ги проучува формата и градбата на организмите, како и нивните поединечни особености во градбата.[1][2][3][4][5][6] ПоимЗборот „морфологија“ потекнува од грчките μορφή, morphé што значи „форма, облик“ и λόγος, lógos што значи „наука, збор, истражување“. Биолошкиот концепт на морфологија бил развиен од страна на Јохан Волфганг фон Гете во 1790 и независно од германскиот анатом и физиолог, Карл Фридрих Бурдах во 1800 година. Гранки на морфологијата
Освен оваа поделба, постои и друга која ја дели морфологијата на:
Морфологијата и класификацијатаПовеќето таксони се разликуваат морфолошки од останатите таксони. Обично блиските таксони се разликуваат многу помалку отколку подалечните, но постојат и исклучоци од ова правило. Криптичките видови се видови кои се многу слични по изгледот, или дури и надворешно идентични, но се репродуктивно изолирани. Спротивно на ова, понекогаш далечни таксони се стекнуваат со сличен изглед како резултат на конвергентна еволуција или мимикрија. Уште еден проблем кој се јавува при потпирањето на морфолошки податоци е дека она што наликува на морфолошки два различни видови, всушност може со помош на ДНК-анализа да се покаже дека е еден единствен вид. Значајноста на овие разлики може да се испита преку употребата на алометриско инженерство, при кое едниот или двата видови се манипулираат за да го фенокопираат другиот вид. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia