Мрачниот феникс (саундтрак)
Мрачниот феникс (англиски: Dark Phoenix) — албум издаден за филмот „Мрачниот феникс“ од страна на Ханс Цимер. Саундтракот бил објавен на 7 јули 2019 година преку Fox Music .[1] Во јануари 2018 година, Еван Питерс изјавил дека Ханс Цимер ќе ја компонира оригиналната филмска партитура, и покрај тоа што Цимер во март 2016 година по објавувањето на филмот Бетмен против Супермен: Зора на правдата изјавил дека повеќе нема да компонира филмови за суперхерои. Цимер се предомислил по разговорите со режисерот Рон Хауард кој го убедил да не го избегнува овој жанр, туку да ја чека вистинската приказна. Сајмон Кинберг го убедил Цимер да се приклучи на новиот филмски проект за Мрачниот феникс[2]. Список на песни
ЕкспериментиXperiments From Dark Phoenix е вториот саундтрак на филмот X-Men: Dark Phoenix, компониран од Ханс Цимер. Албумот бил издаден дигитално на 2 август 2019 година од Remote Control Productions. На 25 јули 2019 година, бил објавен саундтракот, кој првично бил планиран како втор диск. Делумно поради петицијата предводена од обожавателите до Фокс мјузик кога се чинело дека материјалот нема да биде објавен, материјалот сепак бил објавен во форма на втор албум. Цимер подоцна открил во едно интервју дека за филмот биле напишани повеќе од 16 часа музика и дека се борел да издаде втор диск по критичкиот и финансискиот неуспех на филмот[3]. Песните „X-MP“ и „X-F“ содржат извадок од „When I am laid in earth“ од операта Дидона и Енеј на композиторот Хенри Персел.[4]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia