Мрежа за пошироки области
Мрежата за пошироки области – глобална мрежа (WAN) е компјутерска мрежа што покрива голема површина (на пр. било која мрежа чии комуникациски врски поминуваат метрополитски, регионални или национални граници [1]). Ова е сосем спротивно од мрежите за сопствени мрежи (PANs), локалните мрежи (LANs), универзитетските мрежи (CANs), или метрполитен мрежите (MANs) коишто обично се ограничени во соба, зграда, универзитет или специфична метрополитска површина (пр. град) соодветно. WAN можности за дизајнWAN мрежите се употребуваат за да поврзат локални (LAN) мрежи и други типови на мрежи меѓусебе, така што корисниците и компјутерите што се наоѓаат во една локација може да комуницираат со корисници и компјутери од други локации. Многу WAN мрежи се направени за една одредена организација и се приватни. Други пак, се направени од обезбедувачите на Интернет сервиси (Internet service providers), обезбедувајќи врски од локалната мрежа на организацијата (LAN) до Интернет. WAN мрежите често се прават користејќи таканаречени leased lines. На секој крај од оваа leased line, се поврзува распределувач (router) на LAN на едната страна и hub во рамките на другата. Leased линиите можат да бидат многу скапи. Па поради тоа, наместо да се користат leased линии, WAN мрежите може исто така да се направат користејќи помалку скапи методи како circuit switching или packet switching методите. Мрежните протоколи (правила) вклучувајќи го TCP/IP испорачуваат транспорт и адресирање на функции. Протоколите вклучувајќи го Packet over SONET/SDH, MPLS, ATM и пренесувач на рамки (Frame relay) се често употребувани од обезбедувачите на сервиси (service providers) да ги испорачаат врските што се користени во WAN мрежите. X.25 беше еден од првите и многу важен WAN протокол и често се смета за „дедо“ на пренесувачот на рамки (Frame relay), исто така многу од основните функции на протоколите од X.25 сè уште се користат и денес (само со надоградби) од пренесувачот на рамки (Frame Relay). Академските истражувања во глобалните мрежи може да се подели на 3 области: Математички модели, мрежно имитирање (network emulation) и мрежна симулација. Подобрувањата во перформансите понекогаш се претставени преку WAFS или WAN оптимизација. Избори во технологијата на WAN поврзувањеПостојат неколку начини за поврзување на NonStop S-серии опслужувачи на WAN мрежи, вклучително и преку глобалната мрежа ServerNet (SWAN) или SWAN 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 концентратори, што обезбедуваат WAN клиент успешна врска со опслужувачите кои имаат Ethernet порти и соодветно комникациски софтвер. Исто така може да се користи Асинхрон WAN (AWAN) пристап до опслужувачот, што нуди економски само-асинхрон WAN пристап. Неколку избори се достапни за WAN успешна врска:[2]
Преносот на стапки обично се движат од 1200 bit/s до 24 Mbit/s, иако некои врски како што е ATM и Leased Lines може да достигнат брзина поголема од 156 Mbit/s. Типични комуникациски врски кои се користат во WAN мрежите се телефонските линии, микробрановите линии & сателитски канали. Неодамна со зголемувањето на ниската цена на Интернет врската, многу компании и организации се свртеа кон VPN за интерврска на нивните мрежи, создавајќи на тој начин WAN. Компании како Cisco, New Edge Networks и Check Point нудат решенија да создадете VPN мрежи. Исто така погледнетеКористена литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia