Мрежна магистрала — мрежна топологија во која јазлите се директно поврзани на заеднички линеарна (или разгранета) полудуплексна врска наречена магистрала.[1][2]
Доколку која било врска или сегмент од магистралата е отсечен, се прекинува целосниот мрежен сообраќај заради скок на сигналот предизвикан од отсуството на завршен отпорник.
Предности и недостатоци
Предности
Едноставно за имплементација и проширување.
Лесно инсталирање.
Добро приспособено за привремени или за мали мрежи кои не побаруваат големи брзини.
Поевтина од други топологии.
Евтино, потребен е само еден кабел.
Лесна идентификација на погрешни кабли.
Намалена тежина поради намалениот број на жици.
Недостатоци
Ограничена должина на кабелот и ограничен број на станици.
При проблем со кабелот целата мрежа престанува со работа.
Поскапо одржување на подолг временски период.
Перформансите се влошуваат поради додавање на други компјутери или поради густиот сообраќај.
Значајни просторни капацитети.
Работи најдобро со ограничен број на јазли.
Најчесто има поспор трансфер на податоците од другите топологии.
Само еден пакет може да остане на магистралата во текот на еден такт на часовникот.
↑Knott, Geoffrey; Waites, Nick (2002). BTEC Nationals for IT Practitioners. Brancepeth Computer Publications. стр. 395. ISBN0-9538848-2-1. ...all stations have equal priority in using the network to transmit.