Музеј на пакистанската армија
Музеј на пакистанската армија (урду: پاک فوج متحف) ― воен музеј кој се наоѓа во Равалпинди.[1][2] Отворен е на 24 октомври 1961 година[3] за да се зачува минатото на пакистанската армија преку реликвии и слики и е еден од најголемите музеи во Пакистан.[3] ![]() Местоположба и содржинаМузејот содржи и ретки парчиња од оружје и униформи од старо време за да ја отслика преобразбата на воените сили. Некои од преживеаните тенкови Шерман се дел од изложбата на музејот.[2] Музејот на пакистанската армија се наоѓа во колонијалните касарни од британската ера на комплексот згради на Генералштабот на пакистанската армија.[1] Тоа е задолжително да го видат љубителите на оружјето и воената историја. Овој музеј прикажува оружје и муниција од могулско време и сè до современото оружје. Детална историја на еволуцијата на пакистанската армија е понудена во новата музејска зграда.[1] Светска војна против тероризмотПосебна галерија е посветена на светска војна против тероризмот и антитерористичките операции на пакистанската војска во племенските области на пакистанско-авганистанската граница.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia