Мукденски инцидентМукденски инцидент или Манџуриски инцидент ― настан исцениран од јапонски воен персонал кој послужил како изговор за јапонската инвазија на Манџурија во 1931 година.[1] [2] [3] На 18 септември 1931 година, поручник Суемори Кавамото од независната гарнизонска единица од 29-от јапонски пешадиски полк (独立守備隊) детонирал мало количество динамит [4] на железничка линија во близина на Мукден (денешен Шенјанг).[5] Јапонската царска армија за инцидентот ги обвинила кинеските дисиденти и одговорила со целосна инвазија и окупација на Манџурија, каде што шест месеци подоцна Јапонија ја основала својата марионетска држава, Манџукуо. ПричиниПо поразот во Руско-јапонската војна (1904–1905) Руската империја на Јапонија ѝ ги префрлила своите права за закуп на поголемиот дел од Јужноманџурската железничка зона. Делови од Јапонската царска армија (Квантуншката армија) ја обезбедувале железницата на територијата на Полуостровот Љадунг до границата со Кина јужно од Мукден, каде што на тврдината Бејдаинг имало кинески гарнизон од 7.000 војници под команда на Жанг Ксуелианг. Командата на Квантуншката армија на полуостровот покажувала прекумерна независност, што донекаде го загрижувало Токио, но сепак, во 1930 година, бил подготвен план за заземање на Манџурија. НастаниАрмискиот полковник од Квантуншката армија Сеиширо Итагаки и потполковникот Канџи Ишивара, верувале дека конфликт во Манџурија ќе биде од најдобар интерес за Јапонија, и независно еден од друг смислиле план да ги предизвикаат кинеските сили стационирани во близина да направат инцидент и со тоа да ја поттикнат Јапонија да ја нападне Манџурија. Меѓутоа, откако јапонскиот министер за војна Јиро Минами го испратил генерал-мајорот Јошицугу Татекава во Манџурија со за да ја спречи непослушноста и милитаристичкото однесување на Квантуншката армија, Итагаки и Ишивара не можеле повеќе да ги чекаат Кинезите да одговарат на провокациите, и морале да исценираат свои.[6] Инцидент![]() Полковник Сеиширо Итагаки, потполковник Канџи Ишивара, полковник Кенџи Доихара и мајор Такајоши Танака на 31 мај 1931 година го завршиле планирањето на инцидентот. [7] Планот бил извршен кога првиот поручник Суемори Комото од Независната гарнизонска единица (獨立守備隊) од 29-от пешадиски полк, која ја обезбедувал Јужноманџуриската железница, поставил експлозив крај пругата, но доволно далеку за да не направи вистинска штета. На 18 септември околу 22:20 часот бил активиран експлозивот. Меѓутоа, експлозијата била мала и оштетен бил само дел (1,5 метри) од едната страна на шината. Всушност, воз од Чангчун без потешкотии поминал врз оштетената пруга и пристигнал во Шенјанг во 22:30 часот. [8] Инвазија на МанџуријаУтрото на 19 септември, како одговор на наводниот кинески напад на железницата, бил отворен артилериски оган врз кинескиот гарнизон во близина на Мукден. Малите воздухопловни сили на Чанг Ксуелианг биле уништени, а неговите војници побегнаа од нивните уништени касарни во Бејдејинг. Борбите завршиле вечерта, а Јапонците го окупирале Мукден. Во борбите загинале 500 Кинези и само два Јапонци.[9] Во Далиан во изнајмената територија Квантунг, врховниот командант на Квантуншката армија, генерал Шигеру Хоњо, прво бил згрозен што планот за инвазија бил донесен без негова дозвола,[10] но на крајот Ишивара го убедил да им даде одобрение да дејствуваат. Хонџо штабот на Квантуншката армија го преселил во Мукден и му наредил на генералот Сенјуро Хајаши од јапонската армија во Кореја да им испрати засилување. Чанг Ксуелианг лично на своите луѓе им наредил да не се борат против Јапонците. Затоа, јапонските војници без поголеми потешкотии ги окупирале и големите градови Чангчун и Антунг. Пет месеци по Мукденскиот инцидент, Манџурија била целосно во рацете на Јапонците.[6] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia