Мултиметар![]() ![]() Мултиметар (авометар, унимер, универзален мерен инструмент) — уред за вршење на електрични мерења, кој обично се состои од волтметар, омметар и амперметар во едно куќиште. Корисникот може да одбере која величина ќе ја мери со преклопка со повеќе положби. Исто така овозможено е попрецизно мерење со префрлање на преклопката во соодветниот мерен распон[1]. ВидовиМултиметрите се делат на два основни вида: аналогни и дигитални. Аналогните биле првите мултиметри и долго биле единствен вид, а денес сè помалку се произведуваат и користат. Аналогниот мултиметар има скала на која величината се отчитува со помош на стрелка. Дигиталниот мултиметар има дисплеј на кој со бројки се испишува величината. ПриклучоциНа повеќето мултиметри постојат 4 посебни приклучоци за мерните кабли, често означени како COM, VOhm, mA, 10A. За мерење на отпорност и напон се користат приклучоците COM, VOhm, а за мерење на струја COM, mA, (за струи до 200 mA) и COM, 10A за поголеми струи од 200 mA, до 10A. Литература
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia