Надежда Гелова

Надежда Баракова Гелова ( 1917 во Куманичево — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во НОД од мај 1943 година со Формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Чувала илегалци. Била член на одборот на АФЖ. Работела на организирањето на женската младина. Поради откривањето на нејзината активност од бугарскиот окупатор куќата и била запалена. Кога во јуни 1944 година целото село било интернирано во селото Конопиште. Надежда и понатаму одржувала врска со партизаните и успевала да помине низ окупаторските стражи носејќи пошта.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1022.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya