Напоредни животописи![]() „Напоредни животописи“ или „Споредени животописи“ (изв. „Животи на благородните Грци и Римјани“) — збирка биографии на славни личности од античкиот историчар Плутарх, наредени во парови за да се истакнат нивните заеднички доблести и пропусти. Зачуваните „напоредни животописи“ содржат 22 пара биографии, од кои секој пар има по еден Грк и еден Римјанин, како и четири неспарени, посебни животописи. Ова е дело од значителна важност, не само како извор на информации за секоја личност, туку и како увид во времето во кое тие живееле. Бидејќи Плутарх бил Грк, Македонците во делото се водат како „Грци“. Имајќи предвид дека делото е напшано кон крајот на I век н.е., можеме да добиеме претстава колку рано замрела одбивноста кон македонските династии во Грција, при што историчарите веќе од овој период почнуваат да ги присвојуваат личностите што им се допаѓаат, и покрај тоа што нивните претходници пишувале за нив како како за странски окупатори од различна култура и јазик.[1] Како што објаснува во првиот пасус во „Животот на Александар“, Плутарх нема за цел да пишува истории како такви, туку да го истражи влијанието на карактерот (добар или лош) врз животите и судбините на славните луѓе. Првиот пар животописи, Епаминонд-Скипион Африканец, повеќе не постои, а многу од постоечките животописи се скратени, содржат очигледни лакуни и/или биле менувани од подоцнежни писатели. „Животот на Александар“ е еден од петте зачувани второстепени или третостепени извори за Александар III Македонски и содржи анегдоти и описи на случки кои ги нема во ниеден друг извор. Така, портретот на Нума Помпилиј, ран римски крал, исто така содржи важни информации за првобитниот римски календар. Наводи
Други врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia