Наредба (информатика)Наредба (команда, инструкција) — заповед во информатиката што се задава на програм во својство на некаков толкувач, со цел да изврши дадена задача. Најчесто наредбата се задава во некој вид на посредник со наредбен ред како лушпа (shell). Поимот „наредба“ се користи поконкрето кај наредбените (императивни) програмски јазици. Овие јазици се нарекуваат така поради тоа што исказите во нив се запишуваат во облик налик на граматичкиот наредбен начин кај природните јазици, обично во глаголска форма. Многу програмски јазици допуштаат посебно обликувани аргументи наречени „ознаки“ (flags), кои го менуваат редовното поведение на наредбата, додека пак понатамошните аргументи посочуваат врз што делува наредбата. Ако споредиме со природните јазици, тогаш ознаките се прилози, а другите аргументи се предмети. ПримериЕве некои примери за наредби што се задаваат на наредбен толкувач (Unix-лушпа):
Here are some commands given to a different command line interpreter (DOS, OS/2 и Microsoft Windows). Ознаките се доделуваат поинаку, но замислата е иста:
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia