Народен театар - ШтипНародниот театар од Штип е културна установа којашто работи во рамките на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип. ИсторијаНародниот театар од Штип започнал со работа во 1951 година, а првите театарски дејци биле учителите кои приредувале претстави со своите ученици. Оттогаш, театарот приредил над 300 премиери и над 5.000 репризни претстави, при што гостувал во над 100 градови низ Македонија и во странство, а неговите претстави ги посетиле околу еден милион гледачи.[1] ПретставиВо сезоната 2010/2011 година, Народниот театар од Штип одиграл 99 претстави, додека во сезоната 2011/2012 година, тој број изнесувал 76. Трендот на опаѓање на претставите продолжил и во следните години: во сезоната 2012/2013 година, театарот одиграл 68 претстави, додека во сезоната 2013/2014 биле поставени 63 претстави. Од друга страна, наспроти намалувањето на бројот на претставите, бројот на продадените билети за претставите пораснал за 43% во периодот 2011-2015 година.[2] Во текот на 2014 година, театарот од Штип ги поставил слендиве премиери: „Лулка“, во режија на Андреј Цветановски; „Мрачна комедија“ на Спасое Миловановиќ; и куклената претстава „Јан бибијан“ на Дарко Ковачовски, а сите три премиери биле финансирани од Министерството за култура. Во 2015 година, Министерството за култура финансирало две премиери во театарот од Штип, и тоа: „Хотел ни за небо ни на земја“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски и „Приказни по телефон„ од Џани Родари, во режија на Деан Дамјановски.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia