Народнаја
Народнаја (руски: Народная; коми: Народа, Народа-Из = „народна“)[1] е највисокиот врв на венецот Урал во Русија, со 1.895 м. Се наоѓа во Ханти-мансискиoт автономен округ во состав на Тјумењската област, 0,5 км источно од границата со Републиката Коми. Ова е највисоката точка во европска Русија вон Кавказ и има значајна топографска истакнатост од 1.772 м. Сместена е на уралската вододелница, на самата граница меѓу Европа и Азија. По неа е именувана и реката Народа која тече од врвот кон југоисток и се влева во Об во Сибир. Рекат Косју тече од врвот кон северозапад и се влева во реката Печора во Европа. Планината е составена од кварцитни и метаморфни шкрилци од протерозоикот и камбриумот. На планината има и неколку ледници. Длабоките клисури при подножјето имаат проретчени шумовити предели од ариш и бреза. Падините се покриени со тундра од горски тип. Најлесен начин на искачување е по патеката на северозападната падина. Зависно од снегот и мразот, може да се потребни дерези. Јужната стрмина сè уште не ја има искачено никој.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia