Национален парк Сутјеска
Национален парк Сутјеска — најстар национален парк во Босна и Херцеговина, во ентитетот Република Српска. Сутјеска била назначена како национален парк во 1965 и се протега на површина од 17.250 -{ха}-. Најблизок град е Фоча. Паркот се наоѓа на магистралниот пат Белград–Вишеград–Фоча–Тентиште–Билеќа–Дубровник.[1][2][3] ОпштоВо паркот се наоѓаат едни од четирите остатоци од прашуми во Европа, Перуќица.[4] Во Сутјеска се наоѓа и највисокиот врв во Република Српска, Маглиќ во висина од 2386 метри. Маглиќ се наоѓа на самата граница со Црна Гора и кон неа може да се пристигне преку националниот парк, што е голем предизвик за планинарите. Реката Сутјеска долго време го пресекувала овој пат со кањон и тече низ самата средишнина на паркот. Паркот исто така има големо богатство од растителниот и животиснки свет. Поради тоа, овој предел сè уште е привлечен за голем број научници и истражувачи. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia