Ледничкото езеро во долината на Триглавските езера
Национален парк Триглав е единствениот национален парк во Словенија. Основан е во својата денешна форма во 1981 година и се наоѓа во северозападниот дел на земјата, односно југоисточниот дел на алпскиот масив. Планината Триглав е највисокиот врв на Јулијанските Алпи. Оттаму долините радијално се шират, снабдувајќи ги со вода два големи речни системи со нивните извори во Јулијанските Алпи: Соча и Сава, кои течат кон Јадранското и Црното Море.
Историја
Предлогот за заштита на подрачјето на долината на Триглавските езера првпат го изнел сеизмологот Албин Белар во 1906 или 1908 година. Но, предлогот не бил прифатен, бидејќи немало правна основа за него и тогашните закони забранувале ограничување на пасиштата. Стратешката основа за заштита на областа, насловена како Меморандиум (Споменица), и кој експлицитно го споменувал предлогот на Белар, бил доставен до покраинската влада за Словенија во 1920 година. Идејата конечно била спроведена во 1924 година. А потоа, на иницијатива на Одделението за заштита на природата на Словенечкото музејско друштво, заедно со Словенечкото планинарско друштво, бил земен дваесетгодишен закуп на подрачјето на долината на Триглавските езера, околу 14. км². Подрачјето било предодредено да стане Алпски конзеваторски парк; сепак, во тоа време не била можна трајна конзервација. Името Триглавски национален парк првпат го употребил Фран Јесенко во 1926 година.
Во 1961 година, по долгогодишни напори, заштитата била обновена (тогаш на трајна основа) и донекаде зголемена, опфаќајќи околу 20км². Заштитеното подрачје било официјално означено како Национален парк Триглав. Името го добило по планината Триглав кој е симбол на Словенија и словенечки карактер. Сепак, сите цели на вистинскиот национален парк не биле постигнати и поради таа причина во следните две децении биле изнесени нови предлози за проширување и измена на оваа заштита.
Конечно, во 1981 година официјално бил формиран Националниот парк Триглав. Тогаш било постигнато преуредување и паркот добил нов концепт и се прошири на 838 км². Во 2010 година, паркот бил проширен и ја вклучил населбата Кнеше Равне, според желбите на неговите жители, со што новата парковска површина изнесувала 880 км², што е 4% од вкупната површината на Словенија.
Биодиверзитет
Флора
Систематските испитувања на растенијата, особено на етноботаничките корисни видови, во Националниот парк Триглав се спроведени од срана на Чандра Пракаш Кала и Петра Ратајц покривајќи различни микроживеалишта, височини, аспекти и типови на терени. Паркот има над педесет и девет видови на етноботанички вредности, од кои 37 видови (кои придонесуваат со 62%) спаѓаат во четири главни категории на лековити растенија според Службен весник на Република Словенија. Некои од важните видови како Aconitum napellus, Cannabis sativa и Taxus baccata не се дозволени да се собираат и користат според Службениот весник на Република Словенија.
Хидрологија
Водите во националниот парк Триглав се состојат од два слоеви: сливот на реката Сава и слиовот на реката Соча. Во паркот може да се најдат многу водопади, а повеќето од нив се ноѓаат во долината на реката Соча и нејзините притоки. Највисокиот водопад е водопадот Бока (106м). Толминските клисури на реката Толминка се наоѓаат во националниот парк.
Сите езера во паркот се од глациално потекло. Најголемо меѓу нив е езерото Бохињ. Други езера се: Триглав (се наоѓа во долината на Триглавските езера), езерото Крн и езерото Горно и Долно Криж.