Највисок домен![]() Највисок домен, врвен домен или главен домен (англ. top-level domain - TLD) е домен на највисоко ниво во хиерархијата на доменскиот именски систем (DNS) на семрежјето.[1] Највисоките доменски имиња се воведуваат во основното подрачје (root zone) на именскиот простор. Кај сите домени од понизок степен, ова е последниот дел на доменското име, т.е. последната наставка. На пример, во адресата www.example.com, највисокиот домен е .com (или .COM, бидејќи доменските имиња не разликуваат големи и малу букви). Раководењето со највисоките домени е во надлежност на организации назначени од службата ICANN, кој е задолжен за управата IANA и одржувањето на основното подрачје на DNS. ИсторијаПрвовитниот највисок доменски простор бил организиран во три групи: „земји“, „категории“ и „мултиорганизации“.[2][3] Додатната група „привремена“ (temporary) се состоела само од првичниот DNS-домен, arpa,[4] и имал како преодна намена кон стабилизацијата на доменскиот именски систем. Видови на највисоки домениIANA today distinguishes the following groups of top-level domains:[5]
Во доменскиот именски систем, секоја земја добива двебуквен код согласно ISO 3166-1,[6] па така Македонија го има кодот .mk. Постојат и некои исклучоци, како што е .uk за Велика Британија. Затоа, оваа група домени најчесто се нарекува државни кодови на највисоки домени (ccTLD). Од 2009 наваму, земјите што користат нелатинични писма имаат можност да поднесат молба за „интернационализирани кодови за највисок домен“. Тие на корисниците им се прикажуваат на соодветното писмо, но во доменскиот именски систем фигурираат како ASCII-називи преведени со Punycode. Општите највисоки домени (порано „категории“) во прво време се состоеле од GOV, EDU, COM, MIL, ORG и NET. Подоцна се додадени и други, како што е info. Во основното подрачје постои меродавен список на постојни највисоки домени што се објавува на https://www.iana.org/domains/root/db/ порталот на IANA. Интернационализирани државни кодови на највисоки домениИнтернационализираните државни кодови на највисоките домени (IDN ccTLD) се највисоки домени со назив енкодиран за прикажување (на пр. во прелистувач) на матично писмо на земјата, како кирилица, арабица или неазбучните кинески знаци. Овие кодови се дел од системот на „интернационализирани доменски имиња“ (IDN) што се доделуваат на држави и независни географски подрачја. ICANN почнал да прифаќа молби за интернационализирани домени (IDN) во ноември 2009,[7] и го вовел првио збир адреси во доменскиот именски систем во мај 2010. Првите адреси биле арапски имиња за земјите Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. До мај 2010, ICANN добил молби за вакви адреси од 21 земја со 11 писма.[8] Интернационализирани пробни домениВо постапката на испробување на интернационализираните највисоки домени, ICANN вовел збир домени на разни јазици кои се превод на името example.test.
Инфраструктурен доменДоменот arpa е првиот највисок домен во историјата. Бил предвиден само за привремена употреба, за да го потпомогне преодот од имиња на традиционалниот ARPANET. Меѓутоа, по неговата употреба за обратно востановување (разложување) на DNS, востановено е дека неговото укинување би било непрактично, па така денес се користи исклучиво за инфраструктурни цели како во обратното разложување in-addr.arpa за IPv4 и ip6.arpa за IPv6, uri.arpa, како и urn.arpa за DDDS и e164.arpa за задавање на телефонски броеви врз основа на доменската евиденција NAPTR. Од историски причини, arpa понекогаш се смета за општ највисок домен. Резервирани домениRFC 2606 ги резервира следниве четири највисоки домени со цел да се избегнат забуни и спротивставености.[9] Тие можат да се користат за разни конкретни цели, но не смеат да фигурираат во редовните содржини во доменскиот именски систем:
Укинати домениПостојат разни укинати највисоки домени кои припаѓале на земји што повеќе не постојат: cs за Чехословачка (денес cz за Чешка и sk за Словачка), dd за Источна Германија (користи de по обединувањето), yu за СФРЈ (денес: ba за БиХ, hr за Хрватска, me за Црна Гора, mk за Македонија, rs за Србија и si за Словенија) и zr за Заир (денес cd за ДР Конго). За разлика од сите нив, доменот su е активен и денес, и покрај тоа што Советскиот Сојуз е одамна распаднат. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia