Невозможна мисија (филмски серијал)
Невозможна мисија е филмски серијал на акционо-шпионски филмови засновани на истоимената телевизиска серија. Серијалот филмови главно е продуциран од Том Круз, кој го игра Итан Хант, агент на Единицата за невозможни мисии. Започнувајќи во 1996 година со првиот филм Невозможна мисија 1, серијалот ги следи мисиите на главниот теренски тим на Единицата за невозможни мисии, под водство на Хант, кој има за цел да ги запре непријателските сили и да спречи престојни глобални катастрофи. Серијалот се фокусира на ликот на Хант, и исто како и телевизиската серија, е надополнет со споредни ликови како Лутер Стикел (го игра Винг Рејмс) и Бенџи Дан (го игра Сајмон Пег). Серијалот добил генерално позитивни критики. Тој е 17. серијал со највисока заработка на сите времиња, со заработка од 4.09 милијарди долари во светски рамки,[1] и често се наведува како еден од најдобрите акциони франшизи. Шестиот филм, Невозможна мисија: Последици, издаден на 27 јули 2018 година е филм со најголема заработка во серијалот. Во 2024 година, серијалот ги добил првите номинации за Оскар, при што седмиот филм, Невозможна мисија: Одмазда добил номинации во категориите најдобри визуелни ефекти и најдобар звук на 96. доделување на Оскарите. [2] ФилмовиНевозможна мисија (1996)Итан Хант е наместен за убиството на неговите колеги агенти за време на мисија во амбасадата во Прага и погрешно обвинет за продавање на владини тајни на мистериозен меѓународен криминалец познат само како „Макс“. Во бегство, Итан се обидува да го открие вистинскиот предавник и да го исчисти своето име. Невозможна мисија 2 (2000)Итан е пратен на мисија во Сиднеј и работи со професионалниот крадец Наја Нордоф-Хол (Танди Њутон). Дуото тајно се обидува да го спречи планот на одметнатиот агент на Единицата за невоможни мисии, Шон Амброс (Дагреј Скот) (кој исто така е поранешно момче на Наја) да украде смртоносен вирус за да започне пандемија и да го продаде противотровот на оној купувач што ќе понуди најмногу. Филмот има силни тематски сличности со шпионскиот трилер филм Озогласена од 1946 година режиран од Алфред Хичкок.[3] Невозможна мисија 3 (2006)Итан е свршен со Џулија Мид (Мишел Монаган), која не е свесна за неговата вистинска професија. Тој составува тим за да се соочи со недопирливиот брокер за оружје и информации Овен Дејвијан (Филип Сејмур Хофман) кој има намера да продаде мистериозен опасен предмет познат како „зајаковото стапало“. Невозможна мисија: Протокол дух (2011)Итан и целата Единица за невозможни мисии се наместени за бомбардирање на Московскиот кремљ додека истражуваат личност позната под псвдонимот „Кобалт“ (Михаел Никвист). Итан и три други агенти остануваат сами да го спречат Кобалт да започне светска јадрена војна. Невозможна мисија: Одметници (2015)Единица за невозможни мисии се наоѓа под закана од „Синдикатот“, меѓународен криминален конзорциум за кој ЦИА не верува дека постои и за кој смета дека е плод на фантазиите на Итан. Соочен со расформирање на Единицата, Итан Хант, кој станува бегалец, го составува тајно својот тим за нивната најтешка мисија досега — да го докажат вистинското постоење на „Синдикатот“ и да ја поразат организацијата по секоја можна цена. Невозможна мисија: Последици (2018)Кога мисијата за враќање на плутониум ќе тргне наопаку, светот се соочува со заканата од Апостолите, терористичка група формирана од поранешни членови на „Синдикатот“. Како што Итан Хант се обидува да ја исполни првичната мисија, ЦИА почнува да ја доведува во прашање неговата лојалност и неговите мотиви. УлогиПрифаќањеЗаработка
Критики и јавни оцениСеријалот филмови „Невозможна мисија“ добил позитивни критики од критичарите и публиката, при што последните четири филмови привлекуваат значителни пофалби насочени кон нивната режија, кинематографија, акробации, акциски секвенци и филмска музика.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia