Негација на реченицата во македонскиот јазикНегација значи негирање, одрекување. Сите видови реченици може да ги негираме. Одрекуваме кога некое дејство не се извршило, не се врши или нема да се врши. Негираме со:
Разликуваме неколку видови негација:
На пр.: Тој не ја напиша лектирата. (еднократна негација) Повеќекратната негација се јавува во различни видови: а) со повеќе реченични членови – Никој ништо не ми кажа. а) двојна негација – Ништо не смее да направи без нејзина дозвола. б) заемно поништување на негацијата – Не можеш да не кажеш. (значењето е дека – мора да кажеш).
За македонскиот јазик е карактеристична реченичната негација зашто и кога негираме некој друг член тоа го поврзуваме со прирокот – односно со целата реченица. На пр.: Не дојдоа на прославата. На прославата ни тој ни неговите другари дојдоа. 3. Покрај негирањето како во претходните примери, може да се негира и со зборови со вградена негација: заборави (не се сети), ретко (не е често), спречи (не дозволи) итн.[1]
|
Portal di Ensiklopedia Dunia