Неговото последно поклонување
„Неговото последно поклонување: Некои сеќавања на Шерлок Холмс“ (англиски: His Last Bow: Some Reminiscences of Sherlock Holmes) е збирка раскази од 1917 година која содржи претходно објавени кратки раскази за Шерлок Холмс, објавена од страна на Артур Конан Дојл. Покрај стандардните кратки раскази кои се вклучуваат во збирката, скоро секое издание вклучува и предговор прераскажан од гледната точка на Џон Вотсон. ОписКнигата била објавена во Велика Британија од издавачката куќа Џон Мари во октомври 1917 година. Во САД била објавена од Џорџ Х. Доран.[1] Шест од приказните биле објавени во списанието „Стренд“ (The Strand Magazine) во периодот од септември 1908 и декември 1913.[2][3] Списанието ја објавила приказната „Преноќилиштето Вистерија“ под насловот „Сеќавањата на Шерлок Холмс“ и била поделена во два дела, “Исклучителниот случај на Џон Скот Еклс“ и “Тигарот од Сан Педро“.[4] Последната приказна „Неговото последно поклонување“ (1917) е епилог на воената служба на Холмс и била објавена во Колиерс на 22 септември 1917 година - еден месец пред премиерата на книгата на 22 октомври.[2][3] Содржина
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia