НеравенствоНеравенство — математички израз со кој се споредуваат два броја или на два математички израза кои имаат различни (нееднакви) вредности. Прикажување на неравенството на бројната оскаДоколку реалните броеви се прикажат на бројната оска, тогаш ако бројот a лежи лево од бројот b велиме дека бројот a е помал од b, а тоа се изразува со симболот: a < b. Обратно, за бројот b велиме дека е поголем од бројот a, што се изразува со симболот: b > a. Притоа, ако бројот a е помал од бројот b, тогаш истовремено следи дека бројот b е поголем од бројот a.[1] Неравенства со апсолутни вредностиПостојат два основни вида неравенства кои вклучуваат апсолутни вредности:[2]
при што: a и d се реални броеви, каде d > 0. Својства на неравенстватаОсновните својства на неравенствата се:[3]
Решавање на неравенстваВо неравенството од општ облик a x - c < d, велиме дека x = b е решение на неравенството, ако неравенството е точно кога вредноста на a ќе се замени за x. Притоа, множеството на сите вредности на x кои го задоволуваат неравнеството се нарекува множество од решенија на неравенството.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia