Никица Клинчарски
Никица Клинчарски (Берово, 5 јануари 1957) — поранешен југословенски фудбалер. КариераИграл за белградски Партизан во два наврата (1975-85 и 1987-89) и по бројот на одиграни натпревари се наоѓа на трето место после Момчило Вукотиќ и Саша Илиќ. Одреден период бил и капитен на клубот. Како играч на Партизан има освоено две првенства (1973, 1983) и еден Куп на Југославија (1989). Од 1985 до 1988 играл мал фудбал во САД во екипите Американс од Лас Вегас (1985), Питсбург Спирит (1985-1986) и Чикаго Стинг (1986-1987). После враќањето во редовите на Партизан (1987-1989) една сезона игра во Фролунда, Шведска, а играчката кариера ја завршува во АИК од Бачка Топола (1989-1991). Играл за Југославија на олимписките игри во Москва 1980. Има 8 настапи за А репрезентацијата на СФРЈ и им постигнато еден гол.[1] По кариерата како играч се посветил на работтата како тренер. Од 1994 работел како тренер во Младинската школа на Партизан. Од 1995 до 2000 бил селектор на кадетската репрезентација на Србија со која освојува четврто место на Европското првенство за кадети во Данска.[2] Голови за репрезентација
Успеси
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia