Никола Андреев (костурски војвода)
Никола Симеонов Андреев, познат како Алај беј и Кољо Мокренски (1879-1911) — македонски револуционер, костурски војвода, член на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.[1] Животопис![]() Никола Симеонов Андреев е роден во 1879 година, во селото Мокрени, Костурско. По завршувањето на 6-ти клас во Битола, школувањето го продолжил во Военото училиште во Софија,[2][3] но не го завршил.[4] Завршил гимназија во Варна, Бугарија, и стапил во бугарската воена служба.[се бара извор] По професија бил учител и новинар.[се бара извор] Во 1902 година бил назначен за војвода на чета во Костурско. Активно се вклучил во македонското ослободително движење во Костурско и Леринско. За време на Илинденското востание учествувал во заземањето на Невеска и Клисура, заедно со здружените костурски востанички чети.[2][3] По востанието заминал во Бугарија, но во 1904 година, повторно се вратил во Костурско и дејствувал како војвода на чета до 1907 година. За време на Младотурската револуција во 1908 година, се повлекол и работел како учител во родното село, но во 1910 година, повторно ја продолжил борбата против турската власт во Македонија. Убиен е на 11 август 1911 година, од страна на врховистите,[2][3] а според бугарските извори тој бил убиен од свој соселанец, Турчето.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia