Никола Баснарков

Никола Баснарков
Роден 1932
Ваташа, Македонија како дел од Кралство Југославија
Починал 1987
Кавадарци, Македонија како дел од СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање сликар

Никола Баснарков (Ваташа, 1932Кавадарци, 1987) — македонски сликар и просветител.[1][2]

Животопис

Роден е во 1932 година во тиквешкото село Ваташа. Завршил Средно уметничко училиште, насока применета уметност и Уметничка академија во Скопје. Баснарков станал еден од најзначајните акварелисти во Македонија. Во својата кариера имал 9 самостојни изложби и учествувал на 4 групни изложби и колонии.[1][2]

Георги Арсовски за Басарков запишал: „Она што плени кај Баснарков при првата средба со неговите акварели е чувството дека се среќаваш со уметник што знае што сака“. За изложбата „Современ македонски акварел“, Скопје 1984 година, на која учествувал и Баснарков, критичарот Владимир Величковски напишал: „Еден од најпопуларните акварелисти е Никола Баснарков, кој во своите дела покажува префинето чувство за односот меѓу тоновите.[1][2]

Починал во Кавадарци во 1987 година. По неговата смрт биле одржани три ретроспективни изложби на неговото творештво — Кавадарци (1992), Скопје (1993) и Куманово (1993).[1][2]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). „80 години од раѓането на Никола Баснарков“ (PDF). Кав'даречки Весник. III (59): 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-02-11.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 405. ISBN 978-608-4621-04-1.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya