Никола Беровски
Никола Беровски (21 ноември 1923 во Битола - Тирана, 1993) — македонски просветител и преведувач, кој целиот работен век го минал меѓу Македонците во Албанија.[1] Во 1946 година, со група македонски учители заминал во Албанија како просветен работник во селата од Мала Преспа. Познат во македонската јавност како „учителот од Пустец“. Беровски долги години работел како учител во селата на Долна Преспа, во Корча и Тирана. Останал да живее во Албанија, каде што развил богата учебникарска дејност, преведувајќи од албански на македонски јазик, повеќе учебници. Негово капитално дело е македонско-албанскиот и албанско-македонскиот речник. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет. Една од организациите на Македонците во Албанија го носи името Фондација „Никола Беровски“.[2] Во 2013 година, Албанија го препечатила неговиот речник во тираж од 500 примероци, во чест на 90-годишнината од неговото раѓање.[3][4][5] Во чест на овој настан активистот Никола Фоте, ги истакнал имињата на сите дејци кои работеле заедно со Никола Беровски во деветте села од Преспа. Тоа биле учителите Пере, Никол, Ѓорѓи и други, учителот Борис Малески, Кристо Тане, Гуре Дума, како и генерациите кои со грижа на Никола Беровски се подготвувале и ја продолжиле наставата на македонски мајчин јазик.[6] НаградиДобитник е на високото признание на Република Македонија „Климентова награда“, за 1991 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia